Објавен повик за бесплатен оброк за ранливи категории на граѓани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, правото на користење на народна кујна, го опфаќа правото на еден дневен оброк за едно лице кој ќе биде обезбеден од страна на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ како давател на услугата со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово за лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик.

За сите подносители на барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде изготвено решение од страна на Градоначалникот на Општина Куманово и истото ќе биде истакнато на видно место во просториите на  ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИБРИГ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (ФОТО)

– Затоа апелираме до сите ранливи категории на граѓани кои имаат потреба и ги исполнуваат условите да се пријават на Jавниот повик за остварување на право на народна кујна, кој е објавен на официјалната веб страна на Општината, напиша Димитриевски на Фејсбук.

 

 

Општина Куманово за оваа мерка има издвоено 6.000.000 денари.

Loading...

Никола Ивановски