Објавен конкурсот за пријавување за 6-тото издание на „ФИЛМАЈ“

Сподели со своите пријатели

ФИЛМАЈ фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово, од минатиот понеделник (27 ноември 2023) го отвори конкурсот за пријавување за 6-тото издание на фестивалот.

Loading...

Кратките играни филмови (со траење до 20 минути и завршени после 01.01.2022), до 31 март 2024 година може да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome .

Филмовите може да конкурираат за награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда “Koзјак” за најдобрo сценарио и награда “ФИЛМАЈ” за најдобар краток филм.
Македонските (домашни) филмови може да конкурираат за награда за најдобар македонски филм, а може да се пријават и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Фестивалот ќе се одржи во две последователни вечери во мај 2024 година.

Претходница на главната фестивалска вечер ќе биде проекциска ревија на филмови од претходните изданија на ФИЛМАЈ, и промоција на книги со филмска тематика од македонски автори.

Интегрално соопштение