Обид за државен удар во Боливија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Боливија, Луис Арсе, денеска при претставувањето на новото воено раководство изјави дека во таа земја имало обид за државен удар.

Loading...

„Денес иницијаторите на протестите во земјата започнаа стратегија за повторување на државниот удар од 2019 година. Тоа е напад врз националниот интегритет на Боливија. Задачата на вооружените сили е да ја заштитат независноста и единството на нашата територија“, изјави Арсе, пренесува ТАС С, цитирајќи го боливискиот весник Пагина 12.

Во својот говор тој не прецизираше кој стои зад обидот за пуч, но одлуката за реконструкција на военото раководство е донесена поради протестите кои траат повеќе од десет дена во департманот Санта Круз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Генералот Хуго Аранда, кој е назначен за нов командант на боливиските вооружени сили, изјави дека ќе се заложи за заштита на интегритетот на државата во согласност со уставните овластувања.

Арсе го разреши и началникот на Генералштабот и командантите на воздухопловните сили, морнарицата и армијата.

Илјадници луѓе излегоа на неограничен штрајк во департманот Санта Круз минатиот месец во знак на протест против одложувањето на пописот важен за дефинирање на распределбата на економските ресурси и местата во боливискиот парламент.

Според официјалните проценки, Боливија има околу 12 милиони жители, а во Санта Круз живеат околу 3,3 милиони луѓе.

Санта Круз се смета за бастион на боливиската економија и земјоделски мотор на земјата и е познат по производството на соја, сончоглед, шеќерна трска, пченка, ориз и пченица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина