Нуклеарна централа во Ерменија веднаш исклучена поради удар на гром

Сподели со своите пријатели

Ерменската нуклеарна централа итно била исклучена од електроенергетскиот систем поради удар на гром, соопшти утрово Министерството за територијална управа и инфраструктура на Ерменија.

Loading...

Во соопштението се наведува дека персоналот на нуклеарката во моментов е ангажиран на рестартирање на електраната, пренесува агенцијата Интерфакс.

Нуклеарната централа синоќа беше исклучена од електроенергетскиот систем.

Ерменската електрична компанија претходно објави дека поради исклучувањето на нуклеарната централа, одредени делови од главниот град Ереван, како и областите на градовите Вагаршапат и Армавир, останале без струја.

Ерменската нуклеарна централа е еден од главните извори на електрична енергија во земјата, а се наоѓа во Мецамор во близина на Армавир, во југозападниот дел на земјата.