Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на соодветните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.
Loading...
Тој изјави дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, пренесува Танјуг.
„Нуклеарната централа Запорожје сега се наоѓа на територијата на Руската Федерација и, соодветно, мора да работи под надзор на нашите надлежни оддели“, заклучи Вершинин.