НУЦК Трајко Прокопиев: Пијано концерт на Елена Костовска

Сподели со своите пријатели

Во малата сала на НУ Центар за култура“Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи пијанистката Елена Костовска. Концертот е насловен како “Француско– шпански ароми“, и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Loading...

       Елена Костовска е родена во Скопје, го завршува Средното музичко училиште „ИлијаНиколовски Луј“ во пијано класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањео на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос Фондацијата.

       По завршувањето на постдипломските студии во Германија од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачка класа при ДМБУЦ, а моментално работи како наставник по пијано во ДМБУЦ.

Leave a Reply