Новиот премиер на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, свечено положи заклетва

Сподели со своите пријатели

Новиот премиер на Нов Зеланд, лидерот на лабуристите Крис Хипкинс денеска положи заклетва по оставката на премиерката Џасинда Ардерн минатата недела.

Loading...

Лабуристичката партија избра поранешен министер за полиција и за борба против Ковид да ја води партијата и државата.

Хипкинс (44) одржа прес-конференција по првиот состанок на неговиот кабинет.

Хипкинс рече дека централниот дел од неговата политичка агенда ќе биде насочен кон ограничување на инфлацијата.

Познат како „Чипи“, Хипкинс е добро познат на Новозеланѓаните по неговата компетентност во борбата против короната, иако призна некои грешки и се соочува со тешка битка да ја задржи власта на општите избори во октомври, објави Ројтерс.

Да потсетиме дека Ардерн (42) поднесе оставка минатата недела, велејќи дека повеќе нема енергија да ја води земјата.