Новиот хорор филм ”Goodnight Mommy” – филм од кој се леди крвта во жилите (видео)

Сподели со своите пријатели

Трејлерот за новиот хорор филм ”Goodnight Mommy”, ги подгреа страстите дека ова е можеби најстрашниот хорор филм снимен досега. Филмот едноставно ја леди крвта во жилите, коментираат филмските работници.

Loading...

Австрискиот хорор филм ја имаше својата премиера на фестивалот во Венеција, и овојпат, како режија се јавуваат двајца режисери, Северин Фиала и Вероника Франц. Во главната улога настапува Сузан Вуест и двете момчиња, Елиас и Лукас Шварц, кои потсеќаат на лошите деца од филмот ”The shining”.

Пред да го погледнете трејлерот, еве накратко што се раскажува во филмот ”Goodnight Mommy”…

Во средина на летните горештини, во куќа одалечена од градот, двајца деветгодишни близнаци, нестрпливо ја очекуваат да се врати нивната мајка, која заминала на пластична естетска операција. Но, со нејзиното враќање, ништо повеќе не исто во таа куќа. Децата почнуваат да се сомневаат дека тоа не е нивната мајка. Тоа што го прави филмот напнат докрај е сомнежот на децата за тоа кој се крие зад естетската маска.

Погледнете го трејлерот, и имајте мирна ноќ вечерва.