Новиот германски закон за оружје ќе предвиди психолошки тест за сопствениците

Сподели со своите пријатели

Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, според кој од потенцијалните сопственици ќе се бара психолошки тест, изјави во петокот германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург.

Loading...

Таа спомна дека неодамнешниот бран на пукотници укажува на потребата од нов закон, пренесе Танјуг за Ројтерс.

Германската полиција објави дека во четвртокот вечерта во пукотницата во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург, осум лица биле убиени, додека некои биле тешко ранети.

Дозвола за оружје

После тоа, напаѓачот, кој уби седум лица, се самоуби пред споменатиот центар, изјави во петокот сенаторот за внатрешни работи на Хамбург, Енди Грот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Брзата полициска реакција спречи уште поголема трагедија, рече Гроте, додавајќи дека напаѓачот дејствувал сам, пренесе Ројтерс.

Германскиот државен обвинител изјави дека напаѓачот е германски државјанин и имал дозвола за носење оружје.

Меѓу жртвите има четворица мажи, две жени и седуммесечно неродено дете.