Холандскиот новинар Дани Госен одлучил да ја помине границата на Србија со Хрватска, преправајќи се дека е бегалец и така на лице место да ја сними состојбата во бегалските кампови. Тој бил сместен во камп без покрив над глава, ограден со жица и полиција.
Снимките на новинарот покажуваат како бегалците седат на земја, без адекватна прекривка иако надворешните температури биле ниски.
Овие бегалци се заглавени овде со денови, коментира новинарот, пред да бидат упатени во друга држава, и без да бидат регистрирани или сместени на сигурно, се вели во описот на видеото постирано на каналот Јутјуб.
Снимениот материјал што ќе биде објавен во вид на документарен филм во октомври, според новинарот го покажува лошиот третман на Хрватите кон бегалците, кои полуголи се сместени во оградени простори кои личат на затвор.
Гледајќи ги снимките, европската пратеничка Џудит Саргентини ја осуди Хрватска поради нехуманиот однос кон бегалците.