Нови неделни инспекциски контроли низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира Државната пазарна инспекција во неделниот извештај за период од 20 до 26 април, на ниво на Македонија,  извршени се вкупно 854 надзорни контроли, од кои Одделението во Куманово спроведе повеќе акции кај различни правни субјекти.

Loading...

Имено, во периодот од 20 до 26 април, ДПИ Одделение Куманово изврши една  едукација  според  Законот за  трговија кај еден правен субјект. Издаден е еден  платен  налог во Закон за  трговски друштва во износ  од  30.750,оо денари.

Одделението издаде една  покана за  наплата  на глоба во износ  од  12.300,оо денари  по Закон за  трговија, две  покани за  наплата на глоба во износ  од  36.300,оо денари  по Закон за  трговија, едно решение за  привремена забрана  во  траење  од 30 триесет дена  по Закон за  угостителска дејност и едно решение за  обезбедување  на сертификат  во рок од  40  четириесет дена  по Закон за  градежни производи.

Leave a Reply