Нови детали за убиството на ќерката на Александар Дугин

Сподели со своите пријатели

Дарја Дугина, ќерката на истакнатиот руски филозоф Александар Дугин, загина на 20 август во експлозија на автомобилот во кој требаше да биде нејзиниот татко.

Loading...

Руските медиуми јавуваат дека експлозивот бил поставен на џипот со кој Дарја дошла на фестивалот за литература и музика Традиција.

Според извори на ТАСС, секој на паркингот на фестивалот можел да му пријде на џипот и да постави експлозив.

– На фестивалот имаше многу посетители. Паркирани возила имало и од левата и од десната страна на автопатот Звенигород. Имаше и рампа за паркирање, а речиси се беше зафатено. Таму бил паркиран и џипот во кој Дугина го напушти фестивалот. На паркингот немало никаков преглед на возилата, па експлозивот можел да биде поставен од кој било, каде било – вели изворот.

Според изворите, под Ленд Крузер Прадо на Дарија биле ставени околу 400 грама ТНТ.

Инспекторите откриле дека под возачкото седиште бил поставен експлозив.

Фестивалот, на кој присуствуваше Дарија на 20 август, заврши околу 21 часот со гала концерт.

– Околу 21 часот беше темно, сите беа уморни. Полицијата заспа, обезбедувањето заспа. Волонтерите исчезнаа. На паркингот немаше никој. Можеше да се помине покрај рампата – напиша поетот и публицист Игор Караулов, кој исто како и Александар Дугин беше учесник на фестивалот.

Loading...

Александар и неговата ќерка требало да влезат во истото возило, но Дугин во последен момент влегол во друго возило и тргнал да го следи џипот во кој била Дарија.

– Даша си замина неколку минути порано – изјави писателот Захар Прилепин, кој беше еден од организаторите на фестивалот.

Автомобилот експлодирал во близина на едно село, кога Дарја свртел на автопатот Можаиск. По експлозијата, џипот удрил во насипот и се запалил. Дугина починала на лице место.

Според Прилепин, тие што го поставиле експлозивот требало да ги снимаат камерите поставени на паркингот.