Нов Зеланд помага во обуката на украинските војници

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд испрати 120 војници во Велика Британија за да помогнат во обуката на украинските војници, соопшти денеска владата во Велингтон.

Loading...

Испратените војници ќе можат да формираат два тима за обука на пешадија за да ја подготват украинската армија за борба, објави Ројтерс.

Обуката на околу 800 украински војници ќе се врши на една од четирите локации во Британија, а војниците од Нов Зеланд нема да патуваат во Украина, додаде владата на Нов Зеланд.

„Бевме јасни дека нападот врз суверенитетот на една земја и загубата на невини животи не е прифатлив и не може да се толерира. Ние не само што ќе го осудиме овој напад со зборови, туку ќе обезбедиме и конкретна поддршка“, рече премиерката Џасинда Ардерн.

Таа нагласи дека војската на Нов Зеланд нема да учествува во борбите во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.