Кога Кристина Агилера ја објави својата сега иконска песна Beautiful во 2002 година, таа испрати важна порака дека треба да дозволиме нашата внатрешна убавина да блесне без оглед на тоа што мислат или кажале другите за нас.
Сега, на 20-тиот роденден на песната, таа објави ново видео со исто толку силна порака, која се однесува на светот во кој живееме.
Агилера, која денес има 41 година и е мајка на 14-годишниот Макс и осумгодишниот Самер Рејн, објави нова, ажурирана верзија на спотот за песната Beautiful.
На видеото се прикажани деца приврзани за своите телефони, како се справуваат со тешкотиите со кои се соочуваат децата во реалниот свет.
Има млади балерини опседнати со своето тело, млада девојка која сака да изгледа како модел што ја гледа во списание и тинејџер кој се бори со своето ментално здравје.
Но, видеото дава и надеж
На крајот, секое прикажано дете добива помош, ја брише шминката од лицето или откинува страници од списание.
Кон крајот на видеото, има сцена на која се гледаат деца како си играат надвор на сонце.
На крајот од видеото е прикажан мобилен телефон, кој изгледа како да крвари, а над него е напишана порака:
„Во последните 20 години, откако албумот Stripped првпат беше објавен, социјалните мрежи го сменија нашиот однос со нашите тела, а за возврат и нашето ментално здравје. Истражувањата сугерираат дека времето поминато на социјалните мрежи е поврзано со проблеми со имиџот на телото, самоповредување и лошите навики во исхраната кај децата и тинејџерите. Ова мора да се промени.”
View this post on Instagram
Самата Агилера не се појавува во видеото, но на Инстаграм напиша: „Убави сме, без разлика што велат. Тоа е порака со која секогаш ќе стојам и која ми е приоритет која сакам да им ја всадам на своите деца во секое поглавје од нивниот живот “.
Додека експертите штотуку почнуваат да го разбираат влијанието на социјалните медиуми врз децата, една студија покажува дека децата на возраст под 11 години кои користат Инстаграм и Снепчет имаат поголема веројатност да покажат проблематично дигитално однесување, како што се посета на страници што нивните родители не би ги одобриле како и поголема веројатност да учествуваат во онлајн вознемирување.
Истата студија вели дека ограничувањето на времето што детето го поминува на социјалните мрежи може да намали некои од негативните ефекти од користењето на социјалните мрежи на млада возраст.