Нов масакр во Америка: Убил четворица и сѐ пренесувал во живо на социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

19-годишниот Езекиел Кели е одговорен за новата крвава драма во Америка, која започна во средата попладне во Мемфис.

Loading...

Убил четири лица, повредил дополнителни тројца, а целиот настан го пренесувал во живо на својот Фејсбук профил.

Вооруженото насилство во Америка не стивнува.

19-годишниот Езекиел Кели во средата попладне го претвори вториот по големина град на американската сојузна држава Тенеси во црно.

Во крвавиот поход во Мемфис пукал и убил вкупно четири лица, а повредил уште тројца.

19-годишникот го пренесувал настанот во живо на својот Фејсбук профил. Оттогаш тие видеа се отстранети од социјалната мрежа, пренесува FOX 13 Memphis.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Полицијата по бркотницата го приведе Кели и тој моментално е во затвор.

Ова е само тажно продолжение на неговата проблематична историја, бидејќи тој беше осуден на три години затвор во март 2021 година, но бил ослободен откако одлежал само 11 месеци.

Loading...

Масакрот се случи шест месеци откако на Кели му било дозволено да се врати на улиците на Мемфис.

„Доколку господинот Кели ја отслужуваше целосната казна, тој и денес ќе беше во затвор, а четворица наши сограѓани сѐ уште ќе беа живи“, изјави градоначалникот на Мемфис, Џим Стрикленд.