Нов биланс: Најмалку 25 загинати во пожарот во Камбоџа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25 лица загинаа во пожар во хотел-казино во Камбоџа, каде што продолжи големата спасувачка операција.

Loading...

Се стравува дека повеќе жртви ќе се најдат на тоа место каде што во моментот на трагедијата се наоѓале неколку стотици луѓе.

„Тоа е трагедија во оваа празнична сезона“, рече премиерот на Камбоџа Хун Сен на југот на земјата каде што се случи несреќата во четвртокот.

Хун рече дека потрагата по жртви продолжува и додаде дека во моментот на пожарот во забавниот комплекс Гранд Дајмонд Сити имало 1.000 гости и околу 500 вработени.

Тој комплекс се наоѓа во градот Попет на границата меѓу Камбоџа и Тајланд.

Во операцијата за пребарување беа вклучени припадници на војската и полицијата од Камбоџа и Тајланд, како и неколку стотици спасувачи.

Засега не се споменува причината за пожарот.