„Ноќните птици“ се поизложени на здравствени проблеми од оние кои стануваат рано

Сподели со своите пријатели

Според неодамнешните истражувања, луѓето кои не стануваат рано затоа што доцна легнуваат во кревет, имаат поголем ризик за нивното здравје.

Loading...

Резултатите од студијата ги потврдија наодите од претходните научни трудови кои покажаа дека „ноќните птици“ се повеќе изложени на ризик од предвремена смрт, психолошки нарушувања и респираторни заболувања.

Дали тоа значи дека треба да одиме во кревет рано и да стануваме рано?

Социјален замор

Се борите да заспиете и само еден момент подоцна, алармот ве тера надвор од креветот. До крајот на работната недела, веќе сте исцрпени и го користите викендот за да надоместите за пропуштените часови на спиење.

Ова звучи познато и нормално, сепак, навиките како ова се знак дека не спиете доволно и страдате од „социјален замор“.

Овој термин се однесува на разликата помеѓу количината на сон за време на работното време и количината на спиење за време на викендот, кога сме слободни да одиме во кревет и да стануваме кога сакаме.

Во однос на разликите, здравствените ризици како што се кардиоваскуларниот ризик и метаболички проблеми, исто така, се зголемуваат.

Loading...

Професорот по хронобиологија на Универзитетот „Лудвиг-Максимилијан“, Институт за медицинска психологија на Универзитетот во Минхен, Тил Ронеберг, смета дека „социјалниот замор“ е еден од придонесувачките фактори за наодите од истражувањето што велат дека „ноќни птици“ се во групата која носи здравствени ризици.

Повеќето компании и училишта започнуваат да работат многу рано наутро принудувајќи ги луѓето кои одат подоцна на спиење да го започнат денот многу рано.

„Кога луѓето кои стануваат рано, би биле принудени да го започнат денот доцна во денот и тие би биле изложени на одредени здравствени ризици“, рече Расел Фостер, шеф на Нафилд лабораторијата за офталмологија и Институтот за спиење.

Биологија на човечкото тело

Како ноќните птици треба да се справат со сето ова? Дали треба да го жртвуваат спиењето за време на викендите и да станат рано за да се прилагодат на станување рано во текот на работната недела?

„Тоа е најлошото нешто што можете да го направите“, тврди професорот Ронеберг.

Тој е убеден дека нема ништо лошо во тоа да си легнете доцна.

„Ако не сте спиеле доволно во текот на неделата, најдоброто нешто што можете да го направите е да го надоместите тоа и треба да го сторите во времето што ви одговара најдобро“, вели професорот.

Loading...

Времето на кое сме навикнати да спиеме и да стануваме не е само навика, туку е знак дека сме или не сме дисциплинирани.

Моделот на сонот е под влијание на нашиот биолошки часовник. Како ќе функционира, ќе зависи 50 проценти од гените што ги наследивме. Другите 50 проценти зависат од околината во која живееме и колку години имаме.

Дваесетите години се сметаат за години во кои мрзеливоста е на највисоко ниво, и како што старееме, биолошкиот часовник ќе ни помогне да стануваме рано.

„Обично мислиме дека луѓето кои остануваат доцна во ноќта не прават ништо корисно и дека луѓето кои не стануваат рано, едноставно се мрзливи. Всушност, станува збор за биологија на човечкото тело “, вели Малколм фон Шанц, професор по хронобиологија на универзитетот Сари.

Значи, имаме не само луѓе кои стануваа рано и ноќни птици, туку цела низа различни групи на луѓе кои можат да се поделат врз основа на тоа како функционираат нивните биолошки часовници.

Станувањето рано не може да ги промени навиките развиени под влијание на генетските предиспозиции, велат експертите.

На навиките може да влијае така што ќе бирате кога ќе бидете изложени на светлина.

Биолошкиот часовник е под влијание на изгрејсонце и зајдисонце. Повеќето луѓе многу малку се изложени на сонце во текот на денот и премногу вештачка светлина во текот на ноќта. Ова влијае на времето кога ќе се чувствуваме да бидеме поспани, што е исто така голем проблем на „ноќните птици“, кои, поради гените, веќе се склони кон одење на спиење подоцна.

Loading...

Со изложување на дневна светлина рано наутро и избегнување вештачка светлина кога паѓа ноќта, особено сината светлина на мобилните телефони и компјутерите, можеме да го обучиме телото да оди на спиење рано.

Не е лесен и брз процес. Повеќето луѓе немаат доволно време да го користат денот за да се изложат на дневна светлина или да ја ограничат вештачката изложеност.

Задача за целото општество

Експертите веруваат дека работодавците, училиштата и целата заедница треба да работат за да им помогнат на луѓето кои одат на спиење подоцна.

Професорот Фостер верува дека работодавците треба да им овозможат на вработените да изберат работно време врз основа на биолошки часовник.

„Тоа би ги подобрило перформансите“, вели професорот Фостер.

Loading...

Професорот Ронеберг смета дека општеството има обврска да поправи работна околина што е целосно во спротивност со моделите на спиење.

„Ова е проблем за целото општество, потребна ни е поголема природна светлина во зградите и помалку сина светлина на која сме изложени на опкружени со екраните“, вели професорот Ронеберг.


Leave a Reply