Со низа спортски активности и годинава во Куманово ќе се прославува Денот на востанието „11 Октомври“.
Настаните се во организација на дел од спортските клубови во градот и Општинскиот сојуз на спортови, а започнуваат од утре и ќе траат до недела.
Утре со почеток во 11 часот започнува пинг понг турнир кој ќе се одржи спортската сала на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
Во 12 часот започнува Велосипедската трка „Трофеј 11ти Октомври“ кој ќе се одржи на булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ со старт од Спортската сала. Воедно ова ќе биде централната манифестација на која ќе присуствува и државниот врв предводен од премиерот Зоран Заев.
Во сабота со почеток во 7 часот ќе се одржи Рибарски куп во селото пчиња, а два часа подоцна, со почеток во 11 часот и Атлетскиот митинг на патеката во Соколана.
Аикидо семинарот ќе биде завршниот спортски настан по повод Денот на востанието, кој ќе се одржи во недела со почеток во 10 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.