Маргарет Бекема од Мичиген е доказ дека никогаш не е доцна да ги остварите своите цели. Имено, оваа старица во 97-мата година од животот добила диплома и тоа 79 години откако навистина требало да дипломира.
Како што пренесува „ USA today“, Маргарет била принудена да ја напушти каторичката школа во која одела за да се грижи за семејството. Нејзината мајка имала рак, а морала и да се грижи за трите помлади браќа и сестри. Сепак, никогаш не се откажала од желбата да дипломира, а одењето од училиште, како што рекла и го скршило срцето.
Дури 79 години подоцна, таа облекла дипломска одора и ставила дипломска капа, пред семејството и пријателите и била врачера служебна почесна диплома.
По сите овие години, претставувајќи вредности кои нашата школа ги застапува, гордо ја доделуваме оваа официјална почесна диплома на нашата Маргарет – вели директорот на институцијата.
Инаку, откако нејзината мајка починала, маргарет работела за војската и станала воспитувач.