НИГЕР: Мухамед Базум верува дека граѓаните ќе се изборат за демократија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Нигер, Мухамед Базум, вчера се огласи за прв пат по државниот удар што пред два дена го извршија членовите на претседателската гарда, велејќи дека сите граѓани кои ја сакаат демократијата ќе се погрижат тешко остварените достигнувања да се зачуваат.

Loading...

„Ќе се погрижат сите Нигеријци кои ја сакаат демократијата и слободата“, напиша Базум на социјалната мрежа „Х“, порано позната како „Твитер“.

По поддршката на државниот удар од страна на претседателската гарда, војската на Нигер објави дека сите активности на политичките партии се суспендирани до понатамошно известување.

„Моравме да избегнеме смртоносна конфронтација која може да предизвика крвопролевање и да влијае на безбедноста на населението“, се вели во соопштението на војската, пренесе Ројтерс.

Војската, како што велат, морала да го „зачува физичкиот интегритет“ на претседателот и неговото семејство.

Претставници на армијата на Нигер објавија дека претседателот на државата е сменет од власт и дека границите на земјата се затворени.

Во изјавата што ја емитуваше државната национална телевизија, тие дадоа гаранции за личен имунитет на владините претставници на соборениот претседател.

Воените бунтовници објавија национален полициски час од 19 часот навечер до 5 часот наутро, а работата на сите јавни институции во земјата е прекината.

Loading...

Ова е седми државен удар во земјите од Западна и Централна Африка од 2020 година.