Француската полиција е збунета од случајот од Стразбур, каде е пријавена голема штета на паркиран автомобил, рено клио, а постои сомневање дека е уништен од метеорит.
Пожарникарите биле повикани во понеделник наутро и пронашле возило со дупка на покривот (широка 50 сантиметри), скршен прозорец и оштетена кабина.
За среќа во возилото немало никој.
„Нешто се проби низ покривот, подвозјето и резервоарот за гориво“, изјави капетанот Матје Колобер.
#France 🇨🇵 French police are investigating a mysterious 50cm hole that appeared in the roof of a Renault Clio vehicle in #Strasbourg, suggesting the possibility of a meteorite impact.
Fortunately, the vehicle was empty. Despite the absence of radioactivity, emergency services… pic.twitter.com/iAr7y4LjPu
— Alexandru Judeu (@AlexandruJudeu) November 20, 2023
Официјалните лица шпекулираат дека автомобилот бил на патеката на метеоритот, иако во возилото не било пронајдено ништо сомнително, пишува Дејли мејл.
„Или објектот е толку мал, или ударот бил толку силен што се распаднал и се претворил во прашина“, додаде Колобер.
Меѓутоа, недалеку од Рено е пронајден камен долг околу два сантиметри.
„Изгледа како изгорено дрво и е многу лесен. Останува прашањето дали дошол од вселената“, рече портпаролот на полицијата.
Кога метеоритите се приближуваат до Земјата, атмосферскиот притисок ја намалува нивната брзина на околу 320 до 640 km/h, потсетува Mirror.
Нуклеарниот физичар и експерт за метеорити, д-р Тим Грегори, не е убеден дека објектот има ѕвездено потекло.
„Останувам сомнителен. Таква дупка мораше да направи прилично голем предмет. Хемиските анализи ќе откријат дали пронајдениот камен е метеорит“, вели научникот.
🇫🇷La police française enquête sur un mystérieux trou béant de 50 cm apparu dans le toit d’un véhicule et d’un siège déchiré sur 1 Renault Clio à Strasbourg.
“Un élément non identifié” a été retrouvé et confié à la police, suggérant la possibilité d’un impact d’une météorite. pic.twitter.com/Oo1l7ULt85— Chris Schmer (@SchmerChris) November 21, 2023