Нетанјаху: Враќањето на Израелците на северот на земјата е воена цел

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава објави дека една од воените цели на израелската влада е враќање на жителите на северот на земјата, каде што избегаа од нападите на либанското исламистичко движење Хезболах.

Loading...

Владиниот совет за политика и безбедност одлучи да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови во целите на војната, се вели во изјавата на израелскиот премиер.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран се напаѓаат речиси секојдневно по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Израел користел бомба од 230 килограми во напад врз кафуле полно со луѓе во Газа?

Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни.

Поради конфликтот, десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.