Нетанјаху: Ако пропаднеме, Америка е следна

Сподели со своите пријатели

Исламистичките милитанти ќе претставуваат закана за САД и Европа доколку Израел ја загуби сегашната војна со Хамас, тврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Loading...

Западните земји ќе бидат следни на ред, тврди Нетанјаху, доколку неговата земја пропадне.

Нетанјаху ги отфрли сите повици за прекин на огнот, инсистирајќи дека тоа би значело предавање на Хамас.

Во понеделникот, Нетанјаху побара поддршка од сојузниците на Израел за време на состанокот со новинарот на Фокс њуз, Шон Ханити, велејќи:

„Мораме да победиме не само за нас, туку и за Блискиот Исток“, како и „за нашите арапски соседи“ и светот во целост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

„Мораме да победиме за да го заштитиме Израел. Мора да победиме за да го заштитиме Блискиот Исток. Мора да победиме за доброто на цивилизираниот свет. Тоа е битката што ја водиме и се води токму сега. Нема замена за таа победа“, продолжи тој, додавајќи:

„Ако ние не победиме сега, тогаш Европа е следна, а вие сте следни“.

„Нашата борба е ваша борба“, вели Нетанјаху.

Loading...

Тој продолжи тврдејќи дека постои „оска на терор“ меѓу Хамас во Газа, Хезболах во Либан, Хутите во Јемен и иранската влада, тврдејќи дека Техеран се обидува да ги „врати Блискиот Исток и светот во мрачните времиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

„Од другата страна е Израел, модерните арапски држави, се разбира САД, сите сили кои сакаат да видат мир, просперитет за Блискиот Исток и за светот“, додаде Нетанјаху.