Непалскиот суд осуди човек за кој илјадници веруваат дека е реинкарнација на Буда, за сексуално злоставување деца, изјави судски службеник.
Службеникот рече дека судот ќе го осуди Рам Бахадур Бамјан (33) на 1 јули и дека му се заканува казна затвор до 14 години, пренесе „Ројтерс“.
Адвокатот на Бамјан рече дека нема докази против неговиот клиент и дека ќе поднесе жалба до повисокиот суд.
Бамјан беше уапсен во јануари во куќа на периферијата на Катманду каде се криеше откако судот издаде налог за негово апсење поради обвиненијата за сексуален напад.
Како тинејџер, Бамјан, познат како „Момчето Буда“, привлече меѓународно внимание во 2005 година кога речиси 10 месеци седеше со скрстени нозе под дрво во густа шума во југоисточен Непал.
Неговите приврзаници тврдеа дека тој може да медитира неколку дена без вода, храна или сон.