Неколку либански војници, вклучувајќи еден офицер, беа убиени во израелски воздушен напад насочен кон воено возило во јужен Либан, соопшти либанската армија.
Нападот се случил на патот Хардали-Набатија, објави армијата на платформата X, без да го прецизира точниот број на војници убиени во нападот.
Либанската национална новинска агенција ННА објави дека офицер на либанската армија, со чин бригаден генерал, и неговиот возач се убиени во воздушен напад насочен кон неговото возило на патот Хардали-Џармак во Набатија.
Израелската војска продолжува со нападите во Либан, и покрај кревкото примирје што е во сила и во услови на континуирани дипломатски напори за негово одржување.
Повеќе од 3.550 луѓе загинаа, а над 10.800 се повредени во израелските напади во Либан од 2 март, според либански официјални лица, пренесува Танјуг.

