Неколку истрели испукани во предизборната канцеларија на Камала Харис во Аризона

Сподели со своите пријатели

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американскиот потпретседател и демократска кандидатка Камала Харис во Аризона, само седум дена по вториот атентат на републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп.

Loading...

Штетата предизвикана од неколку истрели од огнено оружје по полноќ во понеделникот била откриена во канцеларијата на Демократскиот национален комитет во населбата Темпи во градот Феникс, соопшти локалната полиција, а пренесува Њујорк пост.

„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но тоа предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во таа зграда, како и на оние во близина“, изјави портпаролот на полицијата Рајан Кук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Потребни се меѓународни напори против воената соработка на Русија со Северна Кореја и Иран

Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат во областа.

Според него, засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, но властите ги истражуваат сите можни мотиви.

Инцидентот уследи по вториот обид за атентат врз Трамп на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич на 15 септември.

Камала Харис закажа посета на Аризона како дел од нејзината кампања за петок, а тоа треба да биде нејзина втора посета на оваа важна американска држава откако беше номинирана за кандидат за претседателските избори на Демократската национална конвенција во август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вети дека ќе ги повлече САД од војната во Украина ако победи на изборите