Нејмар ќе се појави во почетниот состав на ПСЖ на мечот против Лајпциг

Сподели со своите пријатели

Шефот на стручниот штаб на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел изјави дека напаѓачот Нејмар закрепнал од повредата и од првите минути ќе игра на натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Loading...

– Нејмар се опорави, тој е подготвен и ќе биде во почетната постава за нашиот натпревар со Лајпциг во вторник, информира Тухел.

Претходно стана познато дека 28-годишниот Бразилец се врати на тренинг по повредата на адукторниот мускул на левата нога.

Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра седум натпревари за парискиот тим, постигна два гола и четири асистенции.

Натпреварот ПСЖ – Лајпциг ќе се одихгра во вторник на 24 ноември со почеток во 21 часот.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply