Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно и значително посвежо време со услови за нестабилност во текот на денот.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна ќе достигне 32 степени целзусови.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско денеска се издадени два жолти метео аларми, едниот за опасност од невреме со грмотевици и еден за опасност од пороен дожд.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со услови за нестабилност проследени со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 29 степени целзиусови.
Среда носи променливо облачно време, но без услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Четврток носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.
Сабота носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 35 степени целзиусови.
Сончево и многу топло времето ќе биде и во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски