Неделна прогноза за Куманово: Како ќе се збогуваме со август?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а масималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе се движи околу 33 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 30 степени целизусови.

Променливо облачно време ќе имаме и во четврток кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 16 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

 

 

И во петок ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 30 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

Прменливо облачно време со услови за врнежи од дожд ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

 

 

Слично време се очекува и во текот на следната работна недела, со исклучок на понеделник кога ќе има дожд.

Никола Ивановски