Не е само Ајфеловата кула: Место во Париз кое треба да го посети секој патник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Некои веруваат дека тука е отворен и првиот ноќен клуб во 1881 година, поточно кабарето „Le Chat Noir“ (Црна мачка).

Loading...

Дали сте слушнале за Монмартр?

На 127 метри надморска височина, овој рид се смета за највисок дел на Париз, а за многумина најубавиот дел на француската престолнина.

Монмартр нуди прекрасен поглед на остатокот од Париз, а специјално искуство е да се дочека изгрејсонце и зајдисонце овде, поради што ова место е многу популарно кај туристите.

https://www.instagram.com/p/B6z3leBimwm/?utm_source=ig_embed

Монмартр некогаш бил боемското соседство каде живееле некои од најпознатите уметнички имиња на сите времиња – од Пабло Пикасо до Амадео Модилиан.

Дури и денес, тој го задржал шармот на стариот Париз со своите ветровити улици, стари куќи, пријатни бистра и специфични продавници.

Некои веруваат дека тука е отворен и првиот ноќен клуб кој датира од 1881 година, поточно кабарето Le Chat Noir (црна мачка) во која се служел алкохол. Исто така, имало настапи во живо, и било омилено место уметниците да излезат.

https://www.instagram.com/p/B6zXGp9poDr/?utm_source=ig_embed

Многу патници се привлечени и од базиликата Свето срце (Сакра Коер) која доминира во Монмартр, која беше завршена во 1914 година во невизантиски стил.

Loading...

Вклучува и гробишта со исто име, каде се закопани многу познати Французи.

https://www.instagram.com/p/B6y5I-hAFpo/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply