НАУКА ИЛИ МИТ: Зошто ви „игра“ окото?

Сподели со своите пријатели

Во зависност од културата оваа појава различно се толкува, но тука секако се и медицински објаснувања.

Loading...

„Играњето“ на окото е честа појава за која се уште не се откриени причините за појава, но се смета дека на неа влијае функционирањето на одредени нервни подрачја. Во медицината е познато под називот миокимија, односно присилно треперење на очните капаци, т.е. грч на очниот мускул.

Стресот, заморот, недостатокот на сон, претераното внесување на кофеин, долгорочно седење пред компјутер, нерно пореметување, но и недостаток на магнезиум во организмот можат да влијаат на треперење на окото.

Но, во различни подрачја од светот и култури, постојат различни толкувања за оваа појава.

КИНА

Треперењето на десното око се смета за лош предзнак, додека треперењето на левото око е знак за добра среќа. Меѓутоа, кај жените ситуацијата е обратна. Исто така, кога „игра“ окото во долниот лев капак се верува дека таа личност ќе плаче или некој ја оговара.

ДЕЛОВИ ОД АФРИКА

Во некои африкански земји треперењето на очните капаци се толкува како предзнак за неочекувана средба. Треперењето на долниот капат значи дека личноста бргу ќе заплаче.

Loading...

ИНДИЈА

Индијците веруваат спротивно од Кинезите. Десното око носи добра, а левото лоша среќа.

ХАВАИ

Доаѓањето на странците на Хаваи го најавува треперењето на десното око. Константното треперење на окото е скоро пропаст во семејството.

Leave a Reply