НАТО развива техники за „ментална доминација“

Сподели со своите пријатели

Воените експерти на САД и НАТО почнаа да водат ментална војна со сосема нови видови оружје, пишува советникот на министерот за одбрана на Русија, Андреј Илиницки, за магазинот „Арсенал на татковината“.

Loading...

Според него, денес природата и содржината на воените операции радикално се менуваат, па поразот на менталната сфера на непријателот станува поважен од контролата на неговите територии, пренесува Спутник.

„Менталната сфера станува поле на операции на НАТО, односно нивен најважен оперативен домен. Војниците на САД и НАТО добија задача да преминат од информативна кон когнитивно-психолошка доминација како одлучувачки фактор за конечната стратешка победа над непријателот“, вели Иљницки.

Како што истакна, се развиваат нови технологии на когнитивно-ментална доминација на универзитетите Харвард и Принстон, во командата за цивилни работи и психолошки операции на Армијата на САД, Центарот за иновации на НАТО и Центарот за заеднички борбени операции во областа на информациските операции на американското Министерство за одбрана.

Тој истакнува и дека во услови на ваква цивилизациска војна со Западот, на руското општество му треба заеднички поглед на светот и идеологиите, односно духовните и вредносните основи на руската политика мора да бидат примарни.

„Во рамките на цивилизацискиот пристап, намалувањето на проблемот на зачувување на рускиот културно-историски/ментален простор на информациска безбедност е веќе застарен пристап кој нема да и обезбеди на Русија стратешка иницијатива. За да се добие цивилизацискиот конфликт со Западот, неопходно е да се развие и усвои Стратегија за психолошка безбедност на Русија“, заклучи Илиницки.

Главниот уредник на магазинот „Арсенал на татковината“, Виктор Мураховски, за Спутник објасни дека главните инструменти на САД во борбата за својата хегемонија во менталната војна се деградацијата и неодговорноста.

Тие се индуцирани во држави и општества кои се цел на агресија. Конкретно, во земјите е предизвикана деградација на политичката класа.

Loading...

Според него, првенствено се работи за бришење на националната историја или култура, што доведува до неодговорност кон минатото, а вториот инструмент е имитација на легитимна власт, што доведува до неодговорност кон општеството, кон сегашноста.