НАТО: Не гледаме закана за Шведска и Финска од Русија

Сподели со своите пријатели

Заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Јоана изјави дека не гледа непосредна воена опасност за Шведска и Финска од Русија.

Loading...

Исто така, Јоана истакна дека е убеден дека членките кои претендираат да се приклучат на Северноатлантската алијанса ќе успеат да се приклучат и покрај противењето на Турција.

Финска и Шведска минатиот месец аплицираа за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Русија, но беа запрени од Анкара, која ги обвинува дека ги поддржуваат и обезбедуваат засолниште за курдските милитанти и другите групи кои Турција ги смета за терористички.

„Сигурни сме дека Шведска и Финска ќе се приклучат на нашата алијанса. Сојузниците се загрижени, но Турција има и одредени грижи кои се легитимни кога станува збор за терористите“, додаде Јоана.

Шведска и Финска изјавија дека го осудуваат тероризмот и се отворени за дијалог.

Запрашан за безбедносните гаранции за нордиските земји додека не станат членки на НАТО, Јоана рече дека не гледа реален ризик за Финска и Шведска од Русија.

„Не гледаме знаци од Русија дека има капацитет или намера да биде воено агресивна против овие две земји во овој момент. Можеме да го третираме овој период со зголемена претпазливост, но не гледаме реален ризик од воена гледна точка за Финска и Шведска“, рече Јоана.