НАТО базата во Германија е во состојба на готовност

Сподели со своите пријатели

Воздухопловната база на НАТО во германскиот град Гејленкирхен и денеска е во состојба на готовност, изјави портпаролката на базата, откако во текот на ноќта беше подигнато нивото на безбедност врз основа на разузнавачки информации кои укажуваат на потенцијална закана.

Loading...

Таа потврди дека базата останува на второто ниво на зголемена будност, познато и како „ниво на Чарли“, од можни четири, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека ова ниво се воведува кога се случил инцидент или се добиени разузнавачки информации кои укажуваат дека е многу веројатна некаква форма на терористичка акција против организациите на НАТО или нивниот персонал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја погоди Кина

Портпаролката на базата рече дека базата на НАТО, во која е сместена флота на набљудувачки авиони AWACS, работи со минимален број на персонал како мерка на претпазливост и дека операциите продолжуваат според планираното.

Како што додаде таа, тоа нема никаква врска со минатонеделниот инцидент кога накратко беше подигнато нивото на безбедност во базата кај Келн додека се истражуваше евентуална саботажа на водоснабдувањето.

Истиот ден, базата во Гејленкирхен пријавила можно неовластено влегување на нејзина територија, по што областа била целосно претресена.

НАТО претходно предупреди за кампања на „непријателски активности од страна на Русија, вклучувајќи акти на саботажа и сајбер напади“, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глазгов отвори прв простор за легална употреба на дрога: „Безбедното консумирање прави разлика“