Наскоро сите би можеле да дознаат какви порно филмови сте гледале на интернет

Сподели со своите пријатели

Немојте веднаш да кревате паника, но постои голема можност наскоро сите да дознаат какви филмови за возрасни сте пребарувале или гледале онлајн.

Loading...

Блогерот Брет Томас предупредува дека наскоро на целиот свет ќе му бидат изложени склоностите на оние кои пристапувале на било кој облик на содржина за возрасни, па дури и доколку сте сурфале во инкогнито верзија.

Томас претпоставува дека идниот скандал поврзан со приватноста на интернет ќе се однесува на објавување на историјата на пребарувањето по страниците за возрасни.

Доколку гледате порнографија онлајн во 2015 година, дури и во инкогнито верзија, би требало да очекувате дека во еден момент целата историја на вашето гледање порнографија ќе биде јавно објавено и тоа со вашето име. Се што е потребно е едноставна кражба на податоците и тинејџер кој сака да напарви хаос. Мислам дека следната голема интернет криза на приватноста ќе може да ги изложи приватните и потенцијално посрамувачките лични податоци на обичните луѓе – напишал Томас на својот блог.

Доколку хакерите добијат пристап само до една интернет страница која ги има вашите лични поадтоци може да продолжи да ги следи до страниците за возрасни кои ќе ги посетувате и да ја види целосната содржина која таму сте ја пребарувале и гледале.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.