Насилен руски напад врз Одеса: 13 лица се ранети, меѓу кои и деца

Сподели со своите пријатели

Во рускиот напад на Одеса синоќа се повредени 13 лица, изјави денеска Сергиј Лисак, шеф на регионалната воена администрација.

– Непријателот масовно ја нападна Одеса со беспилотни летала. Зафатени беа станбени згради и градежни објекти во различни делови на градот. Според прелиминарните информации повредени се 13 лица – напиша Лисак во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според него, меѓу повредените има и две деца, а во рускиот напад освен станбени згради, оштетена е и хотелска зграда и автомобили.

– На ударните места работат сите надлежни служби и лекари. Распоредени се оперативни штабови. На жртвите им пружаме помош и ги елиминираме последиците од нападот – рече Лисак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Москва падна снег, соборен рекордот стар 55 години