НАСЕЛУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ПОЧНЕ: На Месечината откриена вода

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле убедливи докази дека Месечината е прекриена со вода и дека дури има и доволно да се одржи колонија.

Во август минатата година истражувачи од Браун Универзитетот откриле огромни области подземна вода на Месечината.

Сега постојат докази кои упатуваат на тоа дека водата покрива скоро цела подземна површина од нашиот лунарен сателит.

Што навистина би се случило доколку Земјата беше рамна плоча? (ВИДЕО)

Loading...

Научниците од Тохоку Универзитетот во Јапонија го анализирале лунарен метеоирт – камен кој се откршил од Месечината по удар и допатувал до Земјата.

Метеоритот, кој е откриен во пустина во северозападна Африка, се состои од моганит – минерал кој бара вода за да се формира.

Во 12 други примероци метеорити кои дошле од Месечината не бил пронајден ниту еден кој содржел моганит.

Истражувачите велат дека тоа е доказ дека минералот се формирал на Месечината, а не во вселената или на Земјата.

Водечкиот истражувач Масахиро Кајама рекол: „Моганитот е кристал на сицилиум диоксид и е сличен на кварцот. Тој се формира на Земјата како талог кога водата е алкална, вклучувајќи SiO2, испарува во услови на висок притисок. Постоењето на моганитот силно укажува на тоа дека на Месечината постои водена активност. Ако земјиното атмосферско дејствување произвело моганит во лунарниот метеорит, тогаш моганитот би требало да биде присутен во сите примероци кои паднале на Земјата во отприлика исто време. Но, тоа не беше случајот, истакнал тој.

НАСА објави ретка снимка од најбрзиот авион што некогаш постоел (видео)

Со анализата на каменот, истражувачите заклучиле дека тежинскиот процент на вода во лунарното тло е околу 0,6 отсто.

Како се наведува во магазинот „Science Alert“, тоа би можело да биде доволно за идните истражувачи да извлечат околу шест литри по кубен метар од лунарната карпа и доволно да се одржи идна колонија.

– По прв пат можеме да докажеме дека водениот мраз постои во лунарниот материјал. Во моганитот има помалку вода, затоа што тој се формира од испарување на водата. Тоа е случај на површината на Месечината. Но, под површината, многу вода останува во форма на мраз, затоа што е заштитена од сончевата светлина, рекол др. Кајам.

Leave a Reply