Познато е дека амерканската вселенска агенција НАСА плаќа околу 5.000 долари месечно на доброволци кои се спремни 70 дена да поминат лежејќи во кревет, а некогаш таа цифра е и поголема.
Еден од нив бил и Ендрју Иваницки кој така заработил 14.500 евра. Тој бил платен за да биде експериментално глувче, за да може НАСА да утврди на кој начин микгрогравитацијата влијае на човековото тело во текот на вселенските летови.
Својата мисија тој ја започнал кон крајот на минатата година, а сега го раскажува искуството кое го доживеал во тие 70 дена.
Ја прифатив понудата, затоа што останав без работа. До тогаш немав сериозни здравствени проблеми за да морав да леажм во болница – објаснува Ендрју.
Тој додава дека во тие 70 дена константно морал да лежи во креветот во кој јадел, пиел, спиел и обавувал физиолошки потреби.
Секој ден ме будеа во шест часот наутро, а навечер светлата се гасеа во 10 часот. Во текот на денот не смеев да задремам – раскажува Ендрју.
Собата во која бил 24 часа дневно била покриена со камери, буквално немал никаков тип на приватност.
Кога ја повикував сестрата за да обавам нужда, таа ќе ја развлечеше завесата над мојот кревет и тоа беше единствениот момент на приватност – објаснува овој Американец.
Тој вели дека времето го прекратувал со читање книги и сурфање на интернет. Во текот на тие 70 дена, неговата девојка имала дозвола да го посети, но не можеле да направат ништо повеќе освен да се држат за раце, интимните односи биле строго забранети.