НАПНАТО ВО БАРСЕЛОНА: 600.000 луѓе бараат независност на Каталонија

Сподели со своите пријатели

Стотици илјади граѓани кои ја поддржуваат сецесијата на Каталонија се собраа во Барселона за да го прослават главниот празник на оваа шпанска покраина, само неколку недели пред очекуваната пресуда во случајот со 12 водачи на сепаратистичкото движење.

Loading...

Поддржувачите на отцепувањето на Каталонија дошле од сите делови на тој богат шпански регион во неговиот главен град за да го слават споменот за падот на Барселона во војната за шпанското наследство во 1714 година, пренесува АП.

Многумина донесоа знамиња и носеа маици со пораки за поддршка за независност на Каталонија на митингот што се одржа на еден голем градски плоштад.

Од 2012 година на 11 септември се организираат масовни собири на каталонското сецесионистичко движење.

Според проценките на полицијата, 600.000 луѓе се собрале денес во Барселона за настанот.

Анкетите и последните резултатите на изборите покажуваат дека 7,5 милиони жители на регионот се приближно поделени меѓу оние што се за поддршка и оние кои се против отцепување од Шпанија.

Овогодинешното собирање доаѓа откако повеќе од десет водачи на Каталонија ја чекаат пресудата на Врховниот суд под обвинение за бунт, на кои им се закануваат неколку години затвор доколку бидат прогласени за виновни.

Leave a Reply