Напаѓачот кој изврши масакр во продавница во САД во 2021 година е осуден на доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот кој застрела и уби 10 луѓе во продавница во Колорадо во 2021 година е осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Loading...

Поротата го прогласи Ахмад Ал Аливи Алиса (25) за виновен по 10 точки од обвинението за убиство од прв степен и 45 други обвиненија.

Алиса, кој директно го пренесуваше нападот на Јутјуб, никогаш не негираше дека тој е напаѓачот, но на суд тврдеше дека не е виновен и дека е луд.

Сепак, поротниците утврдиле дека тој бил правно здрав во моментот на нападот, јавува Би-Би-Си.

„Правдата конечно е задоволена“, рече окружниот обвинител на округот Болдер, Мајкл Доерти.

 

 

Loading...

„Зошто тој да добива помалку ако треба да живееме без нашите најблиски до крајот на животот?

Изрекувањето на пресудата на Алиса уследи по серијата емотивни изјави од членовите на семејството кои ги загубија своите најблиски во нападот.

„Ни даде доживотен затвор, ни го одзеде семејството, зошто да добива помалку? праша Оливија Мекензи, ќерка на жртвата Лин Мареј.

Марги Витингтон, која ја загуби ќерката Тери Лејкер, рече: „Сакаме напаѓачот да знае дека ова убиство нè промени“.

Жртвите на Алиса биле на возраст од 20 до 65 години, а меѓу нив имало и полицаец.

Тој ги убил за време на неколкучасовна опсада во филијалата на популарниот синџир на продавници во Колорадо, King Soopers.

Неговите адвокати тврдеа дека тој боледувал од ментална болест на денот на пукањето и дека не можел да разликува добро од лошо за време на нападот.

Асошиетед прес објави дека по пукањето му била дијагностицирана шизофренија.

Неговите адвокати исто така рекоа дека слушнал гласови кои му наредуваат да го изврши нападот, објави Денвер пост.

Loading...

Но, за Алиса да биде прогласен за невин поради лудост, тој морал да докаже дека не разбрал дека прави нешто лошо во моментот на пукањето.

Обвинителите тврдеа дека купувањето пиштоли и куршуми, истражувањето на локациите и одлуката да се прогонат некои жртви се доказ дека Алиса знаел што прави.

Кои беа жртвите?

Дени Стронг (20), Невен Станишиќ (23), Рики Олдс (25), Тралона Бартковијак (49), Сузан Фонтан (59), Тери Лејкер (51), Ерик Тали (51), Кевин Махони (61), Лин Мареј (62) и Џоди Вотерс (65), биле жртви на убиецот.