Нападнат руски Воронеж, се слушнале многу силни експлозии: Прогласена вонредна состојба!

Сподели со своите пријатели

Малолетно девојче е повредено во напад со дрон на Воронеж, на кое ѝ била укажана лекарска помош на лице место, напиша гувернерот Александар Гушев на својот канал Телеграм.

Loading...

„Според нашите колеги од Министерството за вонредни состојби, на детето му била потребна лекарска помош откако фрагменти од соборениот дрон паднале во станот. Девојчето родено 2013 година се здобило со повреди на рацете, нозете и вратот“, рече тој.

Гушев напомена дека медицинските лица подоцна повторно ќе го посетат ова семејство за да се уверат дека нема други последици.

Тој додаде дека надлежните ја продолжуваат истрагата од врата до врата за да се процени материјалната штета.

По нападот со дрон во областа беше прогласена вонредна состојба.

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија три украински беспилотни летала над југозападниот регион Воронеж, кој граничи со Украина, објави претходно руското Министерство за одбрана на Telegram.

Гусев најпрвин тврдеше дека се скршени стакла на неколку згради и куќи во градот Воронеж, но дека никој не е убиен или ранет.

Локалните жители пријавиле дека слушнале серија гласни звуци и виделе блесок на небото над центарот на градот и во два градски области.

Loading...

Би-би-си на руски објави дека одекнале „околу 10 експлозии“.

Околу четири часот по локално време жителите на Воронеж пријавиле нови експлозии.

Засега нема коментари од Украина.

Во последните месеци, Киев ги интензивираше нападите врз руската воена инфраструктура за да ги поткопа воените напори на Москва.

Русија има воздухопловна база во близина на градот Воронеж, каде се наоѓаат бомбардери Сухој Су-34, јавуваат руските медиуми.