Проруската хакерска група Noname057(16) неодамна повторно ги нападна веб-страниците на италијанските министерства и институции, што доведе до привремен прекин на услугите, пренесе АНСА.
Извршени се хакерски напади на веб-страниците на Министерството за надворешни работи, инфраструктура и транспорт, полицијата, морнарицата, воздухопловните сили, како и на јавните транспортни претпријатија.
Истите цели беа мета на хакери пред две недели.
Хакерската група Noname057(16), објавувајќи ги нападите, го критикуваше италијанскиот премиер Џорџа Мелони на Телеграм, наведувајќи дека таа ја потврдила поддршката за Украина на состанокот во Рим со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот навечер.
„Италија треба да започне со тоа што ќе си помогне себеси и, пред сè, на нејзината сајбер безбедност“, велат од хакерската група.
Зеленски разговараше со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Рим во петокот наутро.