Намирници што ќе нѐ направат да се чувствуваме посреќни

Сподели со своите пријатели

Дури 34 проценти од луѓето велат дека честопати се потпираат на различна храна за да го подобрат своето расположение.

Loading...

Гледајќи ги навиките на 2.000 возрасни, истражувањето покажа дека кафето, црното чоколадо и грозјето се главната храна што прави да се чувствуваме посреќни. Јајцата и портокалите исто така биле на листата.

 

 

Резултатите покажуваат дека се потребни само 16 минути по оброкот за таа храна да има влијание врз расположението.

Студијата исто така нагласи дека има храна што прави да се чувствуваме лошо, а испитаниците споменале разни газирани пијалоци, слатки… Како што велат, тие можат да ја намалат количината на среќа.

 

Loading...

 

– Не е изненадувачки што храната со голема количина сол или маснотии е храна за која возрасните сметаат дека е полоша за расположението. Додека свежата храна како овошје и ореви ќе биде подобра – вели Хајеj Маргет, авторот на истражувањето.

– Интересно е што некои луѓе истакнаа дека има и измамничка храна – онаа што прави да се чувствувате добро додека јадете, но кратко потоа се чувствувате лошо.