Намирници кои го опуштаат организмот и го отстрануваат стресот

Сподели со своите пријатели

Измеѓу работата која ја обавувате во канцеларија, за семејството или за вас самите, дали некогаш се стопирате и се прашувате каков стил на живот водите?

Loading...

Нередовниот распоред на спиење, исхрана и сите други работи кои ги правите во текот на неделата доведуваат до зголемување на нивото на стрес.

Можете да го отстраните и јадејќи определени продукти, кои ќе ви помогнат да се опуштите.

 

 

Чоколадо

Не постои ништо толку вкусно, а смирувачки, како чоколадото. Самата помисла на чоколадата, омилената книга и удобното катче во домот се доволни да ви го намалат нивото на стрес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЦИМЕТ: Моќен зачин погоден за целокупното здравје

Неодамнешно истражување докажало дека секојдневното консумирање црно чоколадо во перидо од две недели ги намалува хормоните на стрес. Чоколадото потикнува ослободување на серотонин кој е природен антидепресив.

Loading...

Кашкавал

Кашкавалот е една од намирниците која може да се комбинира со било кое јадење за да го направи оброкот побогат и повкусен. Иако е познат по тоа што содржи многу масти, исто така е добар за ослободување од стресот.

 

 

Боровинки

Иако мали, боровинките се совршена комбинација на витамин Ц и антиоксиданси кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровонките исто така ги штитат клетките од рак и срцеви заболувања. Можете да ги јадете во било која форма, како компот, сок или свежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лимонот како лек: Кога и како може да ви го спаси животот?

Бадеми

Бадемите се богати со витамин Б2, витамин Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин кој помага во балансирањето на расположението и стресот.

Цинкот се покажал како добар во борбата против негативните ефекти на стресот, а витамонот Е е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин стресот подолго е под контрола.

 

Loading...

 

Риба

Омега-3 масните киселини во рибата помагаат адреналинот и нивото на стрес да се држат под контрола. Лососот и туната можад да спречат раст на хормоните на стресот, а исто така штитат и од срцеви заболувања, промена на расположението и депресија. Суши исто така е добар за ослободување од стресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ви недостигаат витамини? Еве како да дознаете!