Наместо на тротоар, земјоделците ќе продаваат внатре во кумановскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Индивидуалните земјоделски производители своите производи ќе ги продаваат внатре во кумановскиот пазар, наместо како досега на тротоар.

Loading...

Ова денеска било договорено со производителите на средба во Општина Куманово на која присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и секретарот Александар Гелевски.

 

 

Ваквата одлука доаѓа откако земјоделците биле постојано на удар на инспекциските служби, велат од општината. Токму тоа било причина на маса со нив денеска да седнат и инспекторите.

– Понудивме решение прифатливо за сите страни. Индивидуалните земјоделски производители ќе бидат сместени на делот кај чешмите од Зелениот пазар и ќе плаќаат на дневна основа, со што граѓаните на Куманово ќе знаат каде можат да купат домашни производи, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

Loading...

 

Со оваа одлука надлежните се надеваат дека и ќе се намали метежот пред кумановскиот пазар.

Никола Ивановски