Најстариот светски нуркач го урна сопствениот рекорд (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најстариот нуркач во светот, деведесет и шестгодишниот Реј Вули го собори сопствениот рекорд откако нуркаше на потонатиот брод „Зенобија“ крај брегот на Ларнака, Кипар, јавуваат кипарските медиуми.

Loading...

Британскиот ветеран од Втората светска војна што живее на Кипар, се спушти на длабочина од 42,5 метри за 48 минути, кршејќи го сопствениот Гинисов рекорд поставен минатиот септември, кога стана најстариот нуркач во светот откако се нурна во Зенобија до длабочина од 40,6 метри за 44 минути.

На настанот учествуваа скоро 60 нуркачи од различни места и меѓународни нуркачки училишта.

Вули, кој во средата наполни 96 години, има обожаватели ширум светот и учествуваше во документарецот „Животот започнува во деведесеттите години“, кој се занимава со неговиот живот и љубовта кон нуркањето.

Филмот е продуциран и снимен во Кипар и има добиено бројни награди на меѓународни филмски фестивали.

Leave a Reply