Русинот Апаз Илијев, кој тврдел дека е роден во време на последниот руски цар, умрел во 12лта година, објавија руските медиуми.
Сепак, дали тој бил најстариот човек во светот никогаш не е докажано, затоа што документите за неговото раѓање се изгубени па неговата возраст никогаш не можела да се потврди.
Илијев својот долг живот го препишува на навиката да има 11 часа сон дневно. Велел дека секоја вечер легнувал во 19 часот, а станувал во 6 наутро за да го изведе стадото. Избегнувал лекари и лекови што повеќе можел, иако во 121та година го оперирал окото.
Јадел само свеж зеленчук од сопствената градина и домашно месо кое го купувал во своето село Гули. Исто така, редовно пиел млеко и свежа изворска вода.
Се борел за Црвената армија во руската граѓанска војна од 1917 до 1922 година, а во Втората светска војна не учествувал затоа што бил прогласен за премногу стар за да се приклучи на војската па остатокот од животот го минал како пастир.
Имал осум деца, 25 внуци, 34 правнуци и неколку праправнуци.
Оние кои го познавале рекле дека бил многу љубезен човек кој го сакал животот.
Официјално, настарата личност во светот била Сара Кнаус од САД, која починала во 1999 година на возраст од 119 години и 97 дена.
Некои оваа титула ја препишуваат на Жана Калмент, Французинка за која се тврди дека имала 122 години и 164 дена кога починала во 1997 година, меѓутоа, и кај неа постоеле проблеми кога се работи за идентификација.
Најстариот маж кој некогаш живеел бил Јироемон Кимура од Јапонија кој имал 116 години и 54 дена кога умрел во 2013 година.
Моментално најстарата личност во светот е Кане Танка од Јапонија која има 116 години и 127 дена.
Инаку, во Либан постои дедо кој тврди дека има 125 години, но за тоа не постојат никакви докази.
Фото: Printscreen Youtube/Aaron