Најмоќните пасоши ги имаат Јапонија и Сингапур: Еве каде е македонскиот!

Сподели со своите пријатели

Лондонската фирма Henley & Partners, која обезбедува советување за државјанство и престој, објави ревидирана листа на „најмоќните“ пасоши во светот, според која пасошите на Јапонија и Сингапур се први на листата, бидејќи можат да патуваат во 192 земји без виза.

Loading...

Таканаречениот Хенли индекс се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), која од 2006 година редовно ги следи најдобрите пасоши во светот, пренесува Си-Ен-Ен.

Рангирањето на јачината на пасошот се мери врз основа на тоа во колку земји во светот може да се патува без виза со одреден пасош.

Косовскиот пасош е најслабиот во регионот

Бидејќи при креирањето на новата листа не биле земени предвид привремените ограничувања, носителите на најмоќните пасоши – Јапонија и Сингапур, можат да патуваат без визи во 192 земји низ целиот свет.

Тоа се 166 повеќе дестинации отколку што можат Авганистанците, кои се на самото дно на листата и кои можат да влезат само во 26 земји без виза.

 

Loading...

 

Кога станува збор за земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија, чиј пасош е на 11-то место и чии граѓани можат да патуваат во 181 земја без виза.

Потоа следуваат Хрватска, чиј пасош е на 18 место, Србија на 39 место, Македонија на 47 место, Црна Гора на 48 место, Босна и Херцеговина на 54 место и Косово на 108 место.

Последниот извештај на Хенли е показател дека глобалниот јаз во слободата на патување никогаш не бил поголем.