Најмалку две лица загинаа во Киев од остатоци од дрон

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа во Киев во текот на ноќта кога остатоци од дрон погодија станбени згради, предизвикувајќи пожари во неколку области, соопштија во среда агенцијата за цивилна заштита и градоначалникот Виталиј Кличко.

Loading...

Жртвите биле пронајдени додека пожарникарите се обидувале да ги изгаснат пожарите во становите што избувнале откако делови од дронот паднале врз петкатната зграда.

Во меѓувреме, сирените за воздушен напад продолжија да се вклучуваат во главниот град наутро, а Кличко им наложи на жителите да се евакуираат.

Кличко рече дека се повредени уште осум лица, меѓу кои и четири деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија, Британија и Франција изразија загриженост za ескалацијата на конфликтот меѓу Индија и Пакистан

Службите за цивилна заштита соопштија за петмина повредени.

Тејмур Ткаченко, началник на градската воена администрација, исто така, на Телеграм зборуваше за петтемина повредени.

Во еден округ, делови од станбена зграда беа уништени, рече Ткаченко. Во друг случај, станови на седмиот, осмиот и деветтиот кат од десеткатна зграда се запалија. Исто така, беше погоден и еден супермаркет.

Украинските медиуми објавија за експлозиите што се слушнале за време на тревогата за воздушен напад во градот.

Loading...

Во Москва, градоначалникот Сергеј Собјанин изјави на Телеграм дека руската воздушна одбрана пресретнала девет украински дронови во текот на ноќта. Немаше извештаи за штети или жртви.