Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа, а шест се повредени во пожар што избувна во хотел во Калкута, главниот град на индиската држава Западен Бенгал, соопшти полицијата.

Пожарот избувнал околу 01:45 часот во хотел лоциран во центарот на Калкута, недалеку од седиштето на Противпожарната служба на Западен Бенгал, објавија локалните медиуми.

Пожарникарите го ставија пожарот под контрола.

Истрагата за причината за пожарот е во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морето проголта три члена од исто семејство: Девојче во критична состојба